МЗТ Скопје ќе биде осетно хендикепиран во последната фаза од регуларниот дел на АБА 2 лигата и во балонот на Златибор ќе игра без тандемот Американци Олуџоби и Гравет и беа македонскиот репрезентативец Магдески.
За Златибор не отпатуваа и двајца ччленови на стручниот штаб со што мисијата да се обезбеди настап во плејофот ќе биде комплицирана.
Олуџоби го повреди коленото, а се претпоставува дека има скинати предни лигаменти и ако се остварат црните прогнози паузата ќе биде долга.
Гравет има повреда на задната ложа која бара мирување од две недели, па потоа и почеток на процес на рехабилитација. Магдески остана во Скопје, а го минува последниот ден од задолжителниот карантин по позитивниот тест на Ковид-19.
Со екипата не се и Васко Атанасов и новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје, Михајло Шејкеровски како дополнителен хендикеп. Вечерва од 21 часот МЗТ Скопје ќе игра со третопласираната екипа на Спарс Сараево, кој е директен ривал на аеродромци за една од осмутте позиции што водат во плејофот.
МЗТ моментно е на четвртото место со биланс 6-4, а ќе игра и со Горица во четврток и против Златибор во недела. Деветтиот на табелата, тимот на Подгорица има биланс 5-5, исто како и осмопласираниот Широки Бријег, па битката за настап во доигрувањето ќе биде исклучително интересна.
На Златибор ќе игра и Работнички, а прв меч за вториот наш клуб во АБА лигата ќе биде дуелот со Борац утре. Работнички има биланс од 3-7 и многу мали шанси за настап во плејофот.