МЗТ Скопје ќе игра за осмата титула во првенство

МЗТ Скопје Аеродром втор пат за неколку дена го победи Пелистер и тоа е доволно за ново финале на клубот кој доминира во македонската кошарка во последниве неколку години. Аеродромци вечерва славеа во својата сала „Јане Сандански“ сo убедливи 89:78 и со 2:0 во победи ги урнаа сите надежи на битолчани кои беа првопласирани на табелата, во регуларниот дел од сезоната.

Во финалето, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Еуро Никел, откако кавадарчани со 2:0 во победи го елиминираа Работнички.

Аеродромци уште од стартот покажаа дека нема да дозволат изненадување. Поведоа со 10:4, а потоа имаа и двоцифрена предност од 23:13. Битолчани се обидуваа да држат чекор, но никако не можеа да ја стигнат предноста на противнкот. Во втората четвртина МЗТ имаше предност од 36:26, а на полувреме се замина со 48:42 за домаќините.

Во треата четвртина, МЗТ повторно ја врати двоцифрената предност (70:59), а со рутинска игра продолжија, за да во 36 минута стигнаа и до највисоки 82:69 и тогаш беше јасно дека Пелистер нема шанси, па за битолчани заврши сезоната без трофеј.

- Оглас -

Најнови вести