МЗТ Скопје му кажа чао на Кари и добредојде на Ајви

Американецот Морис Кари повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша спогодбен раскин на договорот со македoнскиот првак.

Аеродромци веќе го пополнија местото на Кари со новото засилување од ФМП Академија Бре Ајви, чие деби е најавено за вечерва од 19 часот против ТФТ Скопје.

Кари беше кусо член на МЗТ Скопје, пристигна во јануари оваа година, непосредно пред стартот на вториот дел од сезоната во домашното првенство и во АБА2-лигата.

Штрковите не беа задоволни од неговиот учинок и дојде до разделба.

Плејмејкерот одигра шест натпревари во домашното првенство со просек од четири поени и 2,7 асистенции додека во регионалното натпреварување на девет меча просечно постигнуваше по 3 поени, со 1,4 скока и 1,8 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести