МЗТ Скопје на „мускули“ до победа над Тиквеш, Пелистер ја доби драмата против Гостивар

МЗТ Скопје и по 19-тото првенствено коло ќе остане лидер во кошаркарската Супер лига, откако многу потешко од очекуваното дојде до домашен триумф над Тиквеш со 88-85. Првата и последната четвртина во СЦ „Јане Сандански“ завршија нерешено, а „аеродромци“ го добија вториот период со само еден поен разлика, а третиот со два поени.

Тоа беше доволно за 18-тата победа и задржување на лидерската позиција, без разлика на исходот од мечот помеѓу Куманово и ТФТ, кој ќе се одигра во петок.

Дури тројца кошаркари го завршија мечот со по 18 поени, и тоа сите тројца се Американци – Смит од МЗТ, како и Хавкинс и Персонс од Тиквеш. Најефикасен македонски кошаркар на паркетот беше Глигоријевиќ од гостинската екипа со 14 поени.

На вториот денешен меч, Пелистер со 93-88 славеше над Гостивар. Битолчани, слично како и МЗТ Скопје, многу потешко од очекуваното дојдоа до победа над претпоследната екипа на табелата на свој паркет. Гостивар имаше минимална негатива во финишот, па следуваше драматична завршница, во која по снаодливи беа домашните кошаркари.

Пелистер дојде до 14-тата победа и останува на третото место на табелата.

Брејси-Дејвис од екипата на Пелистер со 26 поени беше најефикасен на мечот, додека Црниќ уфрли најмногу поени, 22, во редовите на поразениот состав. Репрезентативецот Андреј Митревски со 13 поени беше најефикасен Македонецот на дуелот во Битола.

- Оглас -

Најнови вести