МЗТ Скопје на „мускули“ и после продолжение до победа над Гостивар

Кошаркарите на МЗТ Скопје со тешка победа над Гостивар од 96-90, дури после продолжение, го затворија шесттото коло од Првата кошаркарска лига на Македонија. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во регуларните 40 минути заврши нерешено, 85-85, но кошаркарите на актуелниот шампион на Македонија имаа повеќе сили во дополнителните пет минути и дојдоа до четвртата првенствена победа.

„Штрковите“ од Аеродром лесно можеа да победат и во регуларното време, со оглед на тоа дека имаа осум поени предност на една минута до крајот, но гостиварци тогаш се разиграа и со три тројки, од кои последната со сирената, успеаја да се изборат за продолжение.

Претходно, на почетокот од последната четвртина МЗТ Скопје имаше и убедливи +13, што воедно беше и највисоката предност на овој натпревар. Копривница и Слај со 22, односно 20 поени имаа свое шок во Аеродром, а во гостинската екипа дури тројца кошаркари постигнаа над 20 поени, Митревски 27, Родс 24 и Грусановиќ 21.

- Оглас -

Најнови вести