МЗТ Скопје на одмор замина со три поени предност против Морнар, доминација на Крстевски

МЗТ Скопје има предност од три поени (47:44) по првото полувреме во мечот против Морнар во АБА-лигата.

МЗТ Скопје го започна мечот со тројка на Војдан Стојановски, а Мичевиќ по украдената топка зголеми на 5:0 по неполна минута игра. Морнар првите поени ги постигна преку Михаиловиќ, а Металците до средината на првата четвртина ја одржуваа предноста од три до пет поени. Но, со тројката на Расел и поените на Михаиловиќ, Морнар за првпат поведе со 11:12 и го натера тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ да побара тајмаут.

Одговорот на Металците беше серија од 10:2 за водство од 21:14 во седмата минута и до крајот на првата четвртина ја одржуваа разликата (27:22).

Металците ја одржуваа предноста и на стартот од вториот дел, а Морнар благодарение на Дерол Расел, кој дотогаш постигна осум поени, во 15-тата минута дојде до израмнување на 35:35.

Магдевски во следниот напад направи грешка која ја искористи Морнар да постигне четири поени во низа и да поведе со 35:39.

МЗТ Скопје одговори со серија од 9:2, со која го врати водството (44:41) на две минути до крајот на втората четвртина и на одмор замина со предност од три поени 47:44.

Бојан Крстевски беше одличен во првото полувреме постигнувајќи 17 поени, Кафи даде девет, а Максвер седум за МЗТ Скопје, додека кај Морнар во првиот дел најраспложени за игра беа Расел со 13 и Михаиловиќ со 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести