МЗТ Скопје на првиот меч против Куманово водеше и со +31, сега хендикепот е „само“ 11.5 (Фото)

Полуфиналната серија од Првата кошаркарска лига на Македонија продолжува вечерва, со вториот дуел помеѓу МЗТ Скопје и Куманово. Актуелниот шампион на Македонија на првиот меч беше убедлив и победи со 81-64, а според квотите во Sport Life, фаворит е и денес со квота од 1.15.

Изненадување и брејк на Куманово има квота од 5.70, додека нерешено во регуларните 40 минути има квота од 18.80.

Она што привлекува најголемо внимание во понудата на Sport Life се границите за победа со хендикеп на МЗТ Скопје и нивните квоти. Аеродромци на првиот меч иако победија со 17 разлика, сепак на полувремето имаа водство од 25 поени, а во еден момент во третата четвртина и предност дури од 31 разлика.

Основниот хендикеп сега е „само“ 11.5, за што квотата е 1.82, но затоа најголемата понудена разлика е 14.5 поени со фантастична квота од 2.25.

- Оглас -

Најнови вести