МЗТ Скопје го загуби првиот меч во премиерното коло од АБА2 лигата. Во драматичен финиш, Металци останаа кратки против Подгорица со конечни 72:74. Македонскиот шампион можеше да му подари роденденска победа на тренерот Ѓорѓи Кочов, кој денес го прослави својот 36-ти роденден, меѓутоа неговите избраници потфрлија во клучни моменти.
Во мечот со многу осцилации на двете страни, ефикасноста беше на катастрофално ниво во првата четвртина, која дебитантот во АБА2 ја доби со 16-12. МЗТ заигра многу подобро во продолжението, а во моменти кога требаше да ја „убијат“ средбата при резултат 61:54, Подгорица се врати во игра.
Драмата се истакна во последните неколку минути, Подгорица ја презеде иницијативата, додека катастрофалната грешка на Гравет во последните 10 секунди, кога направи чекори, МЗТ го загуби нападот за евентуално израмнување.
Залудно Бојиќ блескаше со 24 поени, Гочер додаде 21 поен, додека Мушиќ со 23 поени беше најефикасен од победничкиот тим.