Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, нема да менува ништо, барем кога станува збор за стручниот штаб. Васко Атанасов останува тренер на Штрковите и ќе атакува на четвртата титула во низа.
Младиот стратег трипати по ред ја освојува титулата како предводник на аеродромци, а остануваат и неговите соработници: Дејан Србиновски, Тино Даневски и Филип Босилков.