МЗТ Скопје нема избор, мора да оди на победа против ФМП иако квотите не се на негова страна

Кошаркарите на МЗТ Скопје по двонеделна пауза, се враќаат во натпреварувачки ритам и вечерва (18 часот) ја продолжуваат битката за опстанок во регионалното натпреварување, АБА-лигата, со дуелот против ФМП.

МЗТ Скопје е последен на табелата само со три победи и дури 16 порази. За разлика од Металците, ФМП се наоѓа на петтото место на табелата со скор 12-7 и е сигурен учесник во плејофот.

Квотите го фаворизираат ФМП, но македонскиот шампион нема друга опција, мора да победи, а прикажаната игра во завршницата од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ покажа дека екипата игра сè подобро како што се ближи крајот на сезоната.

Sport Life подготви понуда и за играта „плус-минус“ поени. Најголема е границата за Кук и изнесува 14,5 поени, два поени е помала границата за Кафи, а поени се очекуваат и од Абу, Миќовиќ и Војдан Стојановски.

- Оглас -

Најнови вести