МЗТ Скопје покажа зошто е шампион и го доби вечното дерби против Работнички

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, дојде до 75-тата победа во вечното дерби против Работнички, откако триумфираше во „Јане Сандански“ со 75-63.

Иако аеродромци победија убедливо, сепак мечот не се одвиваше така лесно за нив. Работнички го доби првиот период со убедливи 17-26, а одлично тргна и во вториот период, но само до прекинот кој го предизвикаа нивните навивачи, кои беа отстранети од салата. Сепак, иако МЗТ Скопје го доби вториот период со 25-18, Работнички на паузата замина со предност од 42-44.

Во второто полувреме фаворитот ја оправда својата улога и комплетно доминираше. МЗТ во третиот период го презеде водството (50-49) и не го испушти до крајот од мечот, односно само го зголемуваше.

Војдан Стојановски со 20 поени беше најефикасен на паркетот, додека Стојан Ѓуроски со 18 поени беше најпрецизен во поразениот состав.

- Оглас -

Најнови вести