Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје, доживеа пораз вечерва на домашен терен, губејќи од Војводина со 73-78 во шестото коло од АБА 2 лигата.
Натпреварот се играше во „Јане Сандански“ и беше полн со осцилации, водство на гостите, потоа серија на домашните и неизвесен финиш. Војводина поведе уште во втората четвртина со серија од 14-0 и на одмор замина со предност од 23-34.
Во почетокот на третиот период разликата достигна и +19 (29-48) и се чинеше дека МЗТ ќе загуби со голема разлика пред своите навивачи.
Сепак, македонскиот тим не се предаде. Со серија од 16-0, МЗТ се доближи на 61-63, а кратко потоа дури и превзема водство од 66-65. Во драматичниот финиш, сепак, гостите повторно ја презедоа иницијативата и успеаја да ја однесат победата.
Најефикасен кај МЗТ беше Гил со 17 поени, а Марин Петков даде силен придонес со 16 поени.
Фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

