Кошаркарите на МЗТ Скопје го доживеаја првиот пораз (83-77) во АБА 2 лигата оваа сезона, откако не успеаја да издржат до крај во висок ритам на дуелот против Сутјеска во Никшиќ. Клучен беше последниот период кој домаќините го добија со двоцифрена разлика (31-19).

МЗТ Скопје Аеродром ја доби првата четвртина со 21-18, а потоа му дозволи на домаќинот да постигне само девет поени во вториот период. Поради ова и замина на одмор со десет поени предност (27-37).
Сепак, Сутјеска полека се врати во игра во третата четвртина, намали дел од негативата, а потоа комплетно се разигра во решавачките десет минути.
Кристофер Мартин со 19 поени беше најефикасен во редовите на Сутјеска, додека Мек Томас Смит-Мекуен со 20 поени беше прв поентер на мечот.