27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

МЗТ Скопје потпиша со синот на најголемата македонска легенда

МЗТ Скопје Аеродром ја официјализира две и полгодишната соработка со Михаил Наумоски, синот на најголемата легенда во македонската кошарка, Петар Наумоски.

Талентираниот 17-годишен Наумоски еднакво ги покрива позициите три и четири, а во Аеродром дојде од редовите на Црвена ѕвезда. Пред да се приклучи во јатото на Штрковите, Михаил беше забележан во дресот на Вардар и на турскиот Галатасарај.

„Со нетрпение очекувам да се завршат сите формалности околу договорот за да може што поскоро да го облечам дресот на МЗТ Скопје. Ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам дадената шанса и да ги пренесам знаењето и искуството стекнати со тренирањето и играњето во Црвена ѕвезда и во Галатасарај“, вели Наумоски.

Со ангажманот на помалиот син во редовите на македонскиот првак, Наумоски доби свој личен наследник во бело-синиот дрес, којшто го носеше во залезот на својата кариера точно пред една деценија.

Според договорот, Наумоски сезонава ќе ја доигра во дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка, каде што од него се очекува голема помош во борбата за задржување на прволигашкиот статус, а потоа ќе биде прекомандуван во првиот тим, за којшто ќе настапува во следните две сезони.

- Оглас -

Најнови вести