Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, нема избор – ако сака да продолжи во разигрувањето од втората Јадранска лига, ќе мора да слави најмалку со 15 поени разлика на гостувањето кај Широки Брег.
Дека нема да имаат лесна задача, говори и табелата бидејќи „аеродромци“ гостуваат кај лидерот на табелата и се соочуваат со елиминација.
Квотата во Sport Life ги фаворизира домаќините со квота за победа од 1.23, но затоа триумфот на Штрковите има квота од фантастични 4.25.
МЗТ Скопје и Широки Брег имаат одиграно вкупно 12 меѓусебни натпревари во јадранското друштво, а билансот во досегашните натпревари е четири победи за екипата од Босна и Херцеговина и осум триумфи на нашиот претставник.


