МЗТ Скопје ќе ја почитува препораката на Владата на Република Македонија и ќе игра без публика против Ловќен во последното коло од АБА 2 лигата.
Раководството на Регионалното натпреварување потврди дека мечот во среда од 18 часот во салата „Јане Сандански“ ќе се игра без присуство на публика.
МЗТ во ваква ситуација ќе биде хендикепиран во битката да ја прекине серијата од пет победи и да го одбрани второто место на табелата пред доигрувањето за пласман во АБА-лигата.
.@kkmztskopje and @KkLovcen to play in front of empty stands due to coronavirus situation.
More at: https://t.co/5OOrQKwhoW #ABALiga2 pic.twitter.com/6Wzpl4ZhVO
— ABA Liga 2 (@ABA_League2) March 9, 2020