МЗТ Скопје прокоцна плус 13 и ги загуби шансите во плејофот да стартува од првите две места

Кошаркарите на МЗТ Скопје го доживеаја четвртиот пораз во АБА2-лигата и ги загубија шансите за освојување на првото место пред стартот на плејофот за пласман во АБА-лигата, откако денеска во дербито на претпоследното коло загубија со 85:90 од Златибор и тоа по продолжението од пет минути.

Металците три четвртини ја имаа контролата врз резултатот имаа и предност од дури 13 поени (54:41), но во последната четвртина Златибор направи пресврт и го однесе мечот во драматична завршница. Во последната минута, МЗТ Скопје влезе со негатива од три поени (69:72), но на 15 секунди пред крајот, капитенот Дамјан Стојановски погоди тројка и го однесе мечот во продолжението бидејќи играчите на Златибор не го реализираа последниот напад.

Во продолжението, одлуката за победникот падна во последната минута, Смиљаниќ со троја му донесе водство на Златибор од 81:86, а по поените на Гилон на 18 секунди пред крајот, Ѓукановиќ во последниот напад ги реализира двете слободни фрлања и ја завери победата на српскиот тим.

илон со 25 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, Делалиќ даде 21,  додека кај Златибор одлична партија прикажа Ѓукановиќ со 32 поени.

МЗТ Скопје по 12 кола има учинок од осум победи и четири порази и се наоѓа на четвртото место на табелата. Металците во последното коло од регуларниот дел кое ќе се игра в недела, ќе се сретнат со Хелиос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести