МЗТ Скопје Аеродром извојува победа против Навико Академија ФМП со 98-87, што за Штрковите беше последен меч во домашната лига, пред големиот предизвик, финалниот турнир во АБА 2 лигата кој почнува на 13 април во „Јане Сандански“.
Попладнево против својот екс клуб, тренерот Александар Петровиќ калкулираше малку со составот, им даде помала минутажа на некои од клучните играчи, шанса добија некои од младите, а добра вест е што се врати Бојан Крстевски. Аеродромци осцилираа, беа убедливо натскокани, но на крајот дојдоа до победа благодарение на ефикасната игра во нападот.
Со оваа победа, МЗТ со скор 19-3 влегува во Суперлигата. Инаку, во двата тима по шест поединци имаа двоцифрен број на поени.