МЗТ Скопје сака победнички старт во 2020 година против Рогашка

МЗТ Скопје сака победнички старт во 2020 година, а денеска од 17 часот Mеталците ќе ѝ гостуваат на Рогашка, во меч од 14-тото коло во АБА 2 лигата.

Бодовите се исклучително важни бидејќи се работи за два кандидати за четирите позиции кои водат во доигрувањето за титулата во второто по ранг натпреварување во регионот.

МЗТ Скопје има 23 бода на втората позиција зад лидерот Борац, а Рогашка е на четвртото место со 21 бод. Во Скопје во првиот дуел сезонава меѓу двете екипи, Скопјани беа убедливи и славеа со 74:54.

„Нè чека многу тежок меч. Секако, ќе биде многу поинаку од дуелот во Скопје што го добивме убедливо. Рогашка е сериозен противник што бие битка за висок пласман. Лани загубивме од нив во Рогашка Слатина, па се надевам дека нема да има реприза и дека овојпат МЗТ Скопје ќе победи“, изјави Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ.

Популарните Штркови имаат шанса со победа да му се приближат на лидерот Борац само на еден триумф разлика. Моментно Борац е на врвот на табелата во АБА 2 лигата со биланс од 12-2, а МЗТ Скопје е на второто место со скор од 10-3.

 

- Оглас -

Најнови вести