МЗТ Скопје си поигруваше со фенерџијата и забележа лесна победа

Екипата на МЗТ Скопје ја забележа и втората победа на балон турнирот на втората јадранска лига, кој се одржува во Нови Сад, откако вечерва беше подобар противник во дуелот против Шибенка со 93-77.

Фенерџијата на табелата немаше сили да му се спротивстави на актуелниот шампион на Македонија и победникот беше решен уште во првото полувреме. Стартната четвртина ја доби МЗТ со 25-20, но вистинска експлозија следуваше во вториот период кој им припадна на „штрковите“ со 30-17 за високи +18 на паузата. Предноста се зголемуваше и во третиот период, а пад во играта кај МЗТ имаше само во последниот период, но без да биде загрозена победата.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Делалиќ со 16 поени, додека Ворку и Баковиќ уфрлија по 15.

МЗТ Скопје после деветтото коло е на петтата позиција со ефект од шест победи и три порази и речиси сигурно ќе се најде во плеј-офот и ќе разигрува за враќање во најквалитетното јадранско друштво.

- Оглас -

Најнови вести