Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа и 15-тата победа оваа сезона што ги прави единствената екипа со максимален учинок, барем што се однесува до игрите на теренот во македонската Супер лига.
Актуелниот шампион на Македонија со убедливи 84-73 славеше над Гостивар во СЦ „Јане Сандански“ и на тој начин го расипаа дебито на новиот тренер на гостиварци, Перо Блажевски.
На останатите два натпревари кои се одиграа попладнево, Куманово со убедливи 70-99 славеше над Ангели на гостински терен, додека гостинска победа забележа и Пелистер, кој победи со 80-95 против Феникс.
МЗТ Скопје, ТФТ и Пелистер се сигурни учесници во плеј-офот, додека за преостанатите три места ќе се борат дури осум екипи.

