МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје со 70:69 во меч кој се одигра во Негорски бањи. Ова беше дуел од последното 18. коло во регуларниот дел од првенството, а актуелниот првак МЗТ Скопје како првопласиран влегува во Супер лигата. Двете екипи се менуваа во водство, имаа и двоцифрена предност, а на крајот мечот беше решен со едно погодено слободно фрлање на три секунди до крајот.
Аеродромци подобро го започнаа мечот и брзо стигнаа до предност од девет разлика (15:6). Предноста на гостите беше до почетокот на втората четвртина, а потоа ТФТ заигра подобро и до крајот на првото полувреме стигна до четири поени преднност (33:29). Домаќините на овој меч водеа речиси во текот на целата последна четвртина, а за прв пат стигнаа и до двоцифрена предност од 47:37. ТФТ водеше и со 52:42, а во пресрет на последната четвртина стигнаа влегоа со позитива од шест разлика.

ТФТ водеше со 56:48, кога МЗТ заигра многу подобро и со серија од 17:1 стигнаа до водство од 65:57. Сепак, ТФТ не се предаде и полека ја намалуваше негативата и во последната минута израмни на 69:69. ТФТ имаше напад за победа, но домаќините направија грешка во чекори, па останаа четири секунди за МЗТ.
Аеродромци тргнаа во напад, а Ташовски направи фаул на две секунди до крајот. Мекјуел Смит го погоди првото слободно, а потоа намерно го промаши второто, а ТФТ немаше шанси да организира напад и аеродромци се радуваа на триумф.
ТАБЕЛА: По 18 кола, МЗТ Скопје има 17 победи и еден службен пораз, ТФТ е втор со 16 победи и два порази, а потоа следуваат Пелистер (13-5), Куманово (9-9), Маџари (9-9), Чари (9-9), Тиквеш (8-10), Работнички (7-11), Феникс (6-12), Гостивар (4-14) и Ангели (1-17).

