МЗТ Скопје со минимална негатива по првиот дел против Црвена звезда, иако само четворица кошаркари даваа поени

Кошаркарите на МЗТ Скопје имаат негатива од 33-36 против Црвена звезда по првото полувреме во рамки на 14-то коло од АБА лигата.

Металците во првиот натпревар во Новата година во АБА Лигата играат против најтешкиот можен противник, актуелниот шампион Црвена звезда.

МЗТ лошо го започна натпреварот и им дозволи на Црвено-белите да поведоа со 0:6, а своите први поени, тимот од Аеродром ги постигна во четвртата минута. Благодарение на Војдан Стојановски и Дастин Вер, МЗТ се врати во игра и по првите десет минути имаше негатива од 15:17.

Во втората четвртина, проблем за тренерот Драган Николиќ беше тоа што никако не можеше да ја пронајде идеалната петорка која ќе им се спротивстави на Црвено-белите, но и покрај тоа Металците успеаја резултатски да се вратат во игра иако во два наврати имаа двоцифрена негатива. Накрајот, на одмор се замина со минимална негатива од 33:36. Во првото полувреме, само четворица кошаркари на МЗТ Скопје се запишаа во листата на стрелци, Војдан и Дамјан Стојановски, Дастин Вер и Мајкл Кафи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести