МЗТ Скопје со пораз ја започна 2023 година, Црвена звезда за една четвртина покажа зошто е шампион

Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз од Црвена звезда ги започнаа настапите во 2023 година.

Металците во 14-то коло од АБА лигата се поразени од актуелниот шампион на АБА лигата со 57-80 и останаа заковани на дното на табелата со само две победи и 12 порази.

Металците прикажаа далеку подобра игра во првото полувреме иако сите поени во тол дел од играта ги постигнаа само четворица кошаркари, браќата Стојановски, Вер и Кафи, и на одмор заминаа со негатива од три поени (33:36).

Црвено-белите својот квалитет го покажаа во третата четвртина кога на Металците им дозволија да дадат само осум поени, додека тие постигнаа дури 27, по што рутински ги одработија последните десет минути.

На крајот, само осум кошаркари на МЗТ Скопје постигнаа поени, а најдобри беа Вер со 16 поени, Војдан Стојановски со 13, Кефи даде 12, а Миќовиќ 9.

Кај Црвена звезда одлична партија прикажа Факундо Кампацо со 23 поени, 7 скока и 9 асистенции.

Следниот натпревар во АБА лигата, МЗТ Скопје ќе го игра за осум дена кога ќе му гостува на вториот голем фаворит, Партизан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести