МЗТ Скопје со убедлив триумф над Пелистер го прослави 60-тиот роденден

Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа убедлива победа од 87-73 над Пелистер во меч на кој го прославија 60-тиот роденден, односно 60 години од формирањето на клубот.

Актуелниот шампион на Македонија настапи без Војдан Стојановски, кој се повреди на дуелот на репрезентацијата против Азербејџан во Баку, но и без капитенот покажаа кој е шампионот против битолчани.

Првото полувреме мина во израмнета игра, а двете екипи се менуваа во водство. Гостите од Битола го добија првиот период со 18-19, додека МЗТ Скопје беше подобар во втората четвртина и на полувремето замина со водство од 42-41.

Слично беше и во третиот период, а победникот беше решен во последната четвртина, која има припадна на домашните кошаркари со 24-13, за заслужен триумф од +14 на крајот.

ТФТ и МЗТ Скопје имаат ист ефект на табелата, по 16 победи и еден пораз, па најверојатно во меѓусебниот дуел следното коло ќе решаваат за пол-позицијата пред почетокот на плеј-офот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести