Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ имаат нова шанса да ја прекинат серијата порази во АБА лигата, го пречекуваат тимот на Цедевита Олимпија.
Металците се последни на табелата со само две победи и дури 15 порази во 17-те натпревари, и имаат низа од девет неуспеси по ред, а засега не вродува со плод тренерската смена и доаѓањето на Драган Николиќ на клупатата на местото на Александар Петровиќ.
Металците најблиску од победа и прекинување на серијата беа во дуелот со Цибона кога загубија во продолжението од пет минути. На последниот натпревар на домашен терен, МЗТ Скопје беше поразен од Будуќност со 86:90.
Словенечкиот тим пак, е петти на табелата со скор 12-4, но во последните два дуели загуби.
Последниот дуел што се играше во Скопје, пред пет години, им припадна на гостите (55:96), а МЗТ Скопје славеше на претпоследната пресметка во СЦ Јане Сандански што се одигра во 2016 година (97:96).
Според квотите, Цедевита Олимпија е фаворит за триумф, квотата за „двојка“ во Sport Life изнесува 1.22, додека за првата победа по девет пораз, квотата за триумф на МЗТ Скопје е 4.55.
Во понудата на Sport Life има и да се одигра плус-минус поени, и тука се четворица кошаркари на МЗТ Скопје. Најмногу се бара од Кафи и Миќовиќ за кои границата е поставена на 12.5 поени, за Војдан Стојановски изнесува 11.5, додека за Вер е поен помалку.