22.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

МЗТ Скопје во шампионски стил ја започна одбраната на титулата

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, со убедлива победа над Шкупи во СРЦ „Кале“ ја започна одбраната на титулата. „Штрковите“ победија со 59-95, а „проблеми“ имаа само во првата четвртина, која ја добија со минимални 18-20.

Веќе во втората четвртина, МЗТ Скопје покажа кој е кој и ја најави првата победа оваа сезона. Вториот период им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје со 22-9, а ги добија и третиот и четвртиот со 22-18, односно 31-14.

На првиот натпревар од новата кошаркарска сезона, ТФТ го победи Куманово со 81-70.

- Оглас -

Најнови вести