Кошаркарите на МЗТ Скопје ги задржаа шансите за опстанок во АБА лигата откако со 84:80 го совладаа Задар во 24 коло од регуларниот дел.
На две кола до крајот на регуларниот дел, МЗТ Скопје има скор од пет победи и 19 порази, додека Борац има една победа повеќе, но и подобар меѓусебен скор. На Металците во последните две кола им е потребно чудо, тие треба да слават, а Борац да загуби за да обезбедат барем бараж натпревари за опстанок во најсилното регионално кошаркарско натпреварување.
Вечерва малку фалеше од готово, Металците да направат вересија бидејќи во втората четвртина имаа 23 поени предност (40:17 и 42:19). Но, во второто полувреме Металците не одиграа на истото ниво и му дозволија на хрватскиот тим да се врати во игра.
На осум секунди до крајот, Чапара изведе четири слободни фрлања од кои реализира само едно. Во следниот напад, гостите веднаш направија прекршок и го испратија Кафи на линијата за слободни фрлања. Американецот во дресот на МЗТ Скопје ги реализира двете слободни фрлања со кои ја завери победата на македонскиот шампион.
Најпрецизен кај МЗТ Скопје беше Мајкл Кафи со 21 поен, 15 даде Страхиња Миќовиќ, додека Кеандре Кук постигна 14 поени.