МЗТ Скопје изгуби од Сутјеска со 56:55 во рамките на осмото коло од АБА 2 лигата.
Македонскиот првак имаше водство од 55:54 и со промашените две слободни фрлања на Адем Мекиќ не успеа да се одови, затоа на пет секунди од самиот крај Јован Војиновиќ постигна кош за гостите, а по тајмаутот нашиот тим не успеа да реализира.
Како што и беше најавено, Војдан Стојановски дебитираше за тимот од Аеродром, но за 24 минути минати на теренот не успеа да постигне поен. И второто засилување, Морис Кари, исто така играше и тој успеа да уфрли пет поени.
Најефикасен поединец на теренот беше Немања Милошевиќ токму од редовите на нашиот тим со постигнати 15 поени.
Ова е втор пораз за МЗТ сезонава во АБА 2 лигата и со тоа дојде до бројката од 14 бодови, со што барем за кратко се израмни со лидерот Борац Бања Лука, којшто од 18 часот ќе гостува кај Хелиос Домжале.