Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија на вториот контролен натпревар во подготвителниот период од шампионот на Косово, Пеја од Пеќ со 109-94. На натпреварот кој се одигра во СЦ “Јане Сандански“, македонскиот шампион го доби само првиот период со 25-24, додека сите останати четвртини ги добија гостите.
Резултатот на полувремето беше израмнет, 48-48, додека клучната предност за победа, кошаркарите на Пеја ја направија во третата четвртина која ја добија со 38-27.
Најефикасен во екипата на МЗТ Скопје беше Баковиќ со 17 поени, кој беше најрасположен и постигна дури пет тројки.
Следниот натпревар кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го одиграат во четврток кога за спаринг парнер ќе го имаат составот на Гостивар.