МЗТ славеше во Куманово и се израмни со Работнички

МЗТ Скопје ја издвои третата последователна победа во Суперлигата, откако славеше на гостувањето во Куманово со конечни 80:87. Штрковите по три кола се израмнија по бројот на бодови (43) со  лидерот и шампион Работнички, откако Центарци вчера загубија на гости кај Гостивар со 80:70.

Искусното трио Стојаносвки (16) – Соколов (21) – Самарџиски (19) комбинираше 56 поени и ги предводеа Штрковите во третиот овосезонски триумф против избраниците на Ацо Петровиќ, кои добро се држеа до стартот на решавачкиот период. Серијата од 16-4 со која МЗТ ги отвори последните 10 минути ја одлучи средбата.

За тимот на Куманово се истакна Думиќ со двоен учинок од 22 поени и 11 асистенции, а двоен учинок запиша и Мекиќ со 17 поени и 10 скока.

- Оглас -

Најнови вести