МЗТ со пораз и прво место се одјави од регуларниот дел од АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје изгубија од Златибор Чајетина со 84:88 во последниот меч од последниот турнир во регуларниот дел од АБА 2 лигата.

На собирот во Широки Брег, македонскиот првак на оваа средба настапи без никаков резултатски притисок бидејќи првото место беше загарантирано уште со победата во минатото коло. МЗТ има 23 бода исто колку и Хелиос Домжале, но нашиот тим има подобар меѓусебен скор.

Душан Кутлешиќ со 28 уфрлени поени беше најефикасниот на теренот, додека од редовите на МЗТ Скопје, Адем Мекиќ имаше дабл дабл учинок од 19 поени и 11 скокови.

Следува пауза од еден месец, пред да продолжат активностите во АБА 2 плеј-офот кој што ќе се одигра во Јане Сандански, каде што МЗТ пред своите навивачи ќе бара враќање во првата лига.

 

- Оглас -

Најнови вести