МЗТ со роденденска честитка за близнаците Војдан и Дамјан Стојановски (Фото)

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром јавно им го честиташе 36-тиот роденден на Војдан и Дамјан Стојановски, двајца од најдобрите македонски кошаркари во последните 15-тина години и долгогодишни репрезентативци.

„Денешниот датум со златни букви е запишан во историјата на нашиот клуб, но и на македонската кошарка и тоа како роденден на нашиот капитен Дамјан и на неговиот брат-близнак, Војдан Стојановски.

Тие денеска полнат по 36 години, но играат како да имаат десетина помалку. Нашите Даме и Војо се како виното, па веруваме дека уште долго ќе ги гледаме во сино-белиот дрес со сите можни трофеи во рацете.

Среќни и весели да сте, здравјето да ве служи и уште многу години заедно да се радуваме на вашите и наши успеси!“ – порачаа од МЗТ.

Инаку, Војдан и Дамјан денеска на раат може да си го прослават роденденот бидејќи МЗТ не игра, но затоа има други три натпревари од првата македонска лига, а за тие мечеви може и да се обложите во Sport Life.

За Пелистер против Кожув, и Чаир против Охрид, дилемата е само со колкава разлика ќе победат, а Работнички е голем фаворит на хартија на гостувањето кај Гостивар во дуел кој е битка за што подобра позиција на табелата и влез на финалниот турнир во Купот на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести