МЗТ во атак на „пет од пет“ против сараевскиот Спарс

Македонскиот првак МЗТ Скопје денес (18ч) гостува во Сараево, каде што ќе треба да го одигра мечот од второто коло во АБА2 лигата против тимот на Спарс. Тимот на Ѓорѓи Кочов има двојна мисија, да го одржи перфектниот учинок против босанскиот состав на пет меча во низа, а воедно да ја одржи и позитивата на стартот од сезоната во втората јадранска лига.

На двете претходни гостувања, Штрковите постигнуваа минимум по 70 поени, кои се покажаа како доволни за триумф, додека јасно е дека на домашен терен се многу поефикасни. По убедливото отворање пред домашни навивачи, во кое МЗТ победи со 110:88 против Слобода, останува да се потврди и фаворитската улога далеку од Аеродром.

„Без разлика што двете екипи добро се познаваат од минатата сезона, во која одиграа четири натпревари, ова ќе биде сосема поинаква пресметка бидејќи како и Спарс, така и ние претрпевме големи промени и имаме речиси целосно нови ростери. Спарс има млада, но талентирана и физички подготвена екипа која мора да се респектира. Од моите играчи очекувам сериозен пристап во овој дуел и преземање на одговорноста која е пред нив“, истакна тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

Дуелот Сараево спарс – МЗТ Скопје е закажан за 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести