Со тројка на Седрик Расел на 5 секунди до крајот, МЗТ Скопје Аеродром извлече победа од 75-73 против словенечкиот Шенчур во дуел од АБА 2 лигата, на кој македонскиот првак имаше премногу осцилации.
МЗТ во последната четвртина влезе со предност од 12 поени разлика, но противникот не се предаде, напротив, ја стопи негативата, поведе, но, за среќа на Металците, Расел ја погоди отворената тројка во финишот, па МЗТ ја прекина мини-серијата од два пораза по ред.
Расел и Танасковиќ со по 17 поени беа најефикасни кај МЗТ, а Делалиќ дебитираше со 8 поени, но и пет загубени топки.
Утре во АБА 2 лигата, ТФТ има дуел со Спартак Суботица, Пелистер игра со Шибенка, а МЗТ на 2 февруари ќе се сретне против истиот овој хрватски тим.