Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте донираше пет милиони долари за изградбата на најсовремена медицинска установа во градот Бамаку во Мали. Таа болница е за децата и за здравствена заштита за најсиромашните семејства.
View this post on Instagram
Докажаниот играч за врска е познат и по својата скромност и посветеноста на хуманитарната работа. Канте е роден во Париз, но неговите родители се од Мали. Неговиот татко починал кога Н’Голо наполнил 11 години, а неговата сестра почина непосредно пред стартот на Светското првенство во 2018 година, од срцев удар.
Професионалната кариера на Канте започна во Булоњ, а потоа заигра за Каен, каде се истакна како клучен играч, помогнувајќи му на тимот да се врати во Лига 1. Во 2015 година за само осум милиони евра направи трансфер во Лестер и со овој клуб успеа да ја освои титулата во Премир лигата. Во 2016 година за 55 милионие евра направи трансфер во Челзи, со кој беше и освојувач во Лига на шампиони.
Во последните две сезони Канте настапува за тимот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Со репрезентацијата на Франција беше светски првак, а ја освои и Лига на нации.