На 1.000-тиот меч на Клоп како тренер, Мудрик покажа колку е опасен (Видео)

Ливерпул и Челзи одиграа 0-0 во премиерлигашкото дерби кое ќе се памети како 1.000-ти меч на Јирген Клоп во тренерската кариера и по дебито на Михајло Мудрик кој за половина часа игра покажа зошто за него се плати отштета од 100 милиони евра.

Клоп има само 6 победи на 20 меча против Челзи, а првпат се случи во дуелите на овие два тима, три меѓусебни средби по ред во првенството да им завршат нерешено.

Мудрик е деветтиот Украинец што заиграл во Премиер лигата, а втор во Челзи после Андриј Шевченко. Младиот Мудрик импресионираше со својата брзина, а потврди и дека е добар дриблер.

Во првото полувреме на гостите од Лондон им беше поништен гол, а Мудрик ја имаше една од најубавите шанси во вториот дел откако ја измеша противничката одбрана. Погледнете го слаломот на Михајло кој заврши со одбрана на Алисон:

- Оглас -

Најнови вести