3130 Црвена ѕвезда – Партизан (19 ч.)
Црвена ѕвезда имаше феноменална сезона и во 38 меча заврши со 35 победи и само три нерешени без пораз. Со 108 освоени бода, Црвено-белите поставија светски рекорд по бројот на освоени поени во една сезона. Партизан како втор собра 95 бода, но тоа не беше доволно да парира на екипата која доминираше.
Вечните ривали вечерва ќе играат во финалето на Купот на Србија и тоа на стадионот „Рајко Митиќ“. Неверојатна е низата на Ѕвезда која осум месеци нема ниту еден пораз. Во последните 42 меча, Ѕвезда е со 35 победи и седум нерешени. Последен пат загуби од Хофенхајм на 22 ноември минатата година, со 2:0 во меч од групната фаза од Лигата на Европа.
Кога се работи за меѓусебните дуели на белградското дерби, најсигурно е да се игра на голови, односно на тоа дека нема да има многу погодоци. На 11 од последните 13 Вечни дерби дуели, било со 0-2 гола.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.07)
2431 Клуж – ФЦСБ (19:30 ч.)
Клуж ќе слави шампионска титула и тоа на мечот против екипата која им беше најголем ривал сезонава. Иако се очекуваше токму последното коло да го реши шампионот, ФЦСБ освои само два бода во последните три кола и заостана дури шест бода зад Клуж, па вечерва немаат никаков мотив за игра и ќе бидат спаринг партнер во прославата на титулата на домаќинот. Во еден ваков меч, може да има порелаксиран дуел, со погодоци во двете полувремиња.
Минатиот месец Клуж го освои и Суперкупот со победа над ФЦСБ и тоа по подобро изведување на пенали.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.70)
3176 Целје – Олимпија Љубљана (20:45 ч.)
Олимпија Љубљана е тимот кој може да биде најголем трагичар во словенечкиот фудбал сезонава. Екипата која долго време беше лидер во првенството, на крајот не само што не го освои трофејот, туку заврши на третото место. Во последните седум кола од шампионатот, Олимпија претрпе пет порази, а имаше само две нерешени, без ниту еден пораз.
За разлика од нив, Целје влезе во одлична серија и има седум победи во последните осум средби во Купот и првенството. Пред точно 10 дена, Целје ја растури Олимпија со 4:0, но тимот од Љубљана победи на средбата одиграна во март и тоа минимално со 1:0.
Предлог тип: ГГ (1.86)
3183 Рудар – Подгорица (20 ч.)
Рудар е во ситуација да мора да победи и на тој начин сигурно ќе обезбеди опстанок во елитното црногорско фудбалско друштво. Со 42 бода, Рудар е на позиција која води во плеј-аутот, но ако ги освои трите бода, сигурно ќе се спаси затоа што Искра и Језеро во меѓусебен дуел ќе решаваат кој исто така ќе се спаси.
Подгорица веќе си обезбеди место во квалификациите за Лигата на Европа, па гостите се речиси без никакви мотиви и не е чудно што домаќинот кој реално е послаб, сега е во улога на фаворит. Рудар нема победа во последните седум кола и сега во последните 90 минути треба да го решава статусот за следната сезона.
Предлог тип: 1 (1.75)
1583 Неа Саламис – Доха (19 ч.)
Последна шанса за домаќините да се обидат да се спасат од испаѓање и тоа во дуел со директниот ривал. Во Кипар испаѓаат последните четири екипи, а Неа Саламис е на 11 место, последно кое не носи спас. Доха има пет бода повеќе, а до крајот на првенството во игра се шест бода, што значи дека домаќините мора да атакуваат на победа.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.90)