Кошаркарската федерација на Македонија на 21 декември (недела) ќе организира олстар-натпревари, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка.
Планирани се три натпревари:
● натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“,
● женски сениорски All Star натпревар,
● машки сениорски All Star натпревар.
Во двата сениорски натпревари ќе настапат селекциите „Македонија“ – „Свет“, составени од домашни играчи и странски кошаркари кои играат во најквалитетните сениорски лиги под капата на Федерацијата – „МТЕЛ“ Суперлига – мажи и „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени.
Во рамките на олстар-програмата, во паузите (истек на четвртините) од натпреварите ќе се одржат и ревијалните натпревари во забивање и шутирање за три поени, како составен дел од кошаркарскиот спектакл и дополнителна можност за промоција на вештината, креативноста и атрактивноста на играта.
Во паузите меѓу натпреварите ќе се одржи и свечено доделување на признанија и награди за најдобрите поединци и колективи во сезоната 2024/25 како чин на почит и признание за квалитетот, трудот и професионализмот во македонската кошарка.
Повеќе информации за составите на екипите, стручните штабови и местото на одржување на настанот ќе бидат објавени во 15 декември в понеделник.

