На 27 мај ќе се знае терминот за баражот Македонија – Косово, но барем одредена е годината

УЕФА денеска одржа видеоконференција со претставниците на 55-те членки на Европската фудбалска асоцијација. Генералните секретари на сите членки на УЕФА ги слушнаа предлозите и новостите од Европската куќа на фудбалот поврзани со календарот за репрезентативните и клупските натпреварувања.

Освен препораката за успешно завршување на националните првенства и куп-натпреварувањата, УЕФА ќе ги разгледа вонредните случаи доколку одредено првенство се откаже, а одлуката околу термините за баражите за Евро 2021 ќе бидат донесени на седница на Извршниот комитет следниот месец.

Во врска со баражите за место на ЕП, на кои треба да игра и македонската репрезентација, има три можни сценарија: септември и октомври, октомври и ноември или двата меча (полуфинале и финале) во ноември.

Земјите учесници во баражите треба да го достават својот став, а УЕФА ќе решава на 27 мај.

- Оглас -

Најнови вести