КИ Клаксвик и Балкани вечерва од 20 часот во Торшавн на Фарски Oстрови на северот на Европа ќе се борат на фудбалски терен за пласман во финалниот бараж за место во Конференциската лига, каде што за противник ги чека македонскиот шампион Шкупи.
Поблиску до пресметка со Шкупи е косовскиот тим Балкани од местото Сува Река бидејќи дома во Приштина пред една недела го доби првиот меч со 3-2. Балкани водеше со 3-0, но гостите го ублажија поразот, па сега и тие се надеваат дека може да влезат во финалето на плејофот од квалификациите.
Според квотите во Sport Life, во предност е Класквик, квотата за нивна победа е 2.11, а за триумф на гостите е 3.25. Но, на Клаксвик за пласман понатаму нема да му биде доволна минимална победа, со новите правила така би се одело во продолженија.