Некогашниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј, покажува дека и на 35 години може да блеска. Во осминафиналето на АТП-турнирот во Доха, Британецот по голема борба, го победи Александер Зверев.
Мечот траеше повеќе од три часа, а Мареј победи со 7:6(5), 2:6 и 7:5, изненадувајќи го четвртиот носител на турнирот. За Мареј ова беше шести меч во 2023 година, а дури трипати одигра маратонски.
На Отвореното првенство на Австралија одигра два маратонски меча, кои ги доби. Прво славеше над Италијанецот Беретини во меч кој траеше 4 часа и 50 минути, а потоа одигра и пет часа и 45 минути против Коконакис.
На АТП-турнирот во Доха, изненадувачки се намачи и првиот носител Андреј Рубљов кој победи со 1:6, 6:1, 7:6(6) против Талон Грекспур од Холандија.