Потпретседателот на Суринам Рони Брунсвијк е главниот херој од последните мечеви во КОНКАКАФ лигата, второто по квалитет натпреварување во Средна и Северна Америка. Брунсвијк, кој има 60 години, дебитираше, и тоа како капитен на тимот Интер Монготапое во дуелот со Олимпија од Хондурас.
Некогашниот герилски водач од 80-тите години на минатиот век, сега е втор човек во земјата, но и газда на клубот за којшто дебитираше во седмата деценија од животот. Брунсвијк играше до 53-тата минута, и тоа заедно со неговиот син Дамијан, но не успеа многу да му помогне на својот тим затоа што загуби убедливо со 0:6.
➡ Ronnie Brunswijk (60 años), vicepresidente de Surinam y dueño del club Inter Moengotapoe, está jugando de titular vs Olimpia en la #ConcacafLeague ⚽️
🙌😎Momento histórico pic.twitter.com/KkLg2BsPNr
— TUDNRadio (@TudnRadio) September 22, 2021
Според американските медиуми, Брунсвијк бил и осомничен за повеќе грабежи на банки, а се претпоставува дека е татко на најмалку 50 деца. Во Европа се бара за трговија со дрога, но и покрај сите овие лоши работи од неговото минато, тој е еден од омилените личности во земјата.
Во една ситуација тој беше забележан како со хеликоптер надлетува над најсиромашните делови од земјата и фрла пари на земја. На снимката се гледа како сиромашните граѓани се радуваат и ги собираат парите кои Брунсвијк ги фрла од хеликоптерот.