На 74-годишна возраст, Грег Попович стана најплатениот тренер во НБА

Долгогодишниот тренер на Сан Антонио спарс, славниот Грег Попович, има 74 години, но не ни помислува на пензија, напротив, се согласи на нов петгодишен договор, вреден повеќе од 80 милиони долари, со што ќе стане најплатениот тренер во НБА лигата.

Попович кој е рекордер со 1.366 победи, има пет титули, но пред девет години ја освои својата последна титула.

Годинава Спарс го земаа првиот пик на драфтот, Французинот Виктор Вембањама, и тоа им дава оптимизам дека може да се вратат на победничките патеки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести