На 8 јули во Лас Вегас ќе биде спектакуларно, ќе се тепаат и Волкановски и Миочиќ!

Александар Волкановски, австралискиот борец со македонско потекло, ќе се врати во октагонот за битка со Јаир Родригес и тоа ќе биде пресметка за УФЦ титулите во перолесна категорија.

Шефот на Дејна Вајт планира тој дуел да се случи летово, како дел од УФЦ 290 настанот на 8 јули во Лас Вегас. Главната битка за таа гала-вечер веројатно ќе биде дуелот на Џон Џонс и Стипе Миочиќ во тешка категорија.

Волкановски неодамна загуби од Ислам Махачев во битка за титулата во лесна категорија, а „Александар Велики“ во кариерата нема пораз во перо категорија. Двата порази му се во лесна и полусредна категорија.

Родригес во кариерата има два пораза, од Френки Едгар и Макс Халовеј.

- Оглас -

Најнови вести