Еден од најголемите „душмани“ на Лос Анџелес лејкерс во историјата, легендата на Бостон селтикс, Бил Расел, за првпат во животот се појави во дрес на омразениот ривал, но имаше повод за тоа, сакаше својата големина да ја покаже со оддавање чест на Коби Брајант. Расел, кој има 86 години и е еден од најдобрите центри во историјата, важи за еден од најзаслужните што Лејкерс нема повеќе титули. Тој со Бостон редовно ги победуваше Езерџиите во големите финалиња пред 60 -тина години.
Расел, кој со Бостон како играч освои рекордни 11 титули во НБА, направи голем гест како најава за вечерашната комеморација во чест на Коби и ќерката Џиџи кои загинаа во хеликоптерска несреќа.