Роман Абрамович иако се тргна од раководнста структура на Челзи, сепак тимот останува под санкциите на британската влада.
Екипата се соочува со сè поголеми проблеми, а се очекуваат понуди од заинтересирани милијардери да го купат Челзи а иако се појавија неколку информации, во моментов нема ништо официјално.
Но, одлуката која што ја донел Абрамович е рамна на пропаст за Челзи, бидејќи тој нема да прифати понуда од човек кој што доаѓа од земјите кои што ја санкционирале Русија.
Челзи бил интересен за неколку американски и компании од Саудиска Арабија, како и за богаташи од Швајцарија и Австралија, но со оваа одлука, сите тие понуди би пропаднале во вода.
Ако наскоро не се пронајде купувач за Челзи, кој е под санкции до крајот на мај, на клубот не му се предвидува светла иднина.