Ариц Адуриз постигна необичен гол од пенал, шутираше од место, без залет, но и тоа не беше доволно за победа против Валјадолид.
Последниот дуел за денеска од Ла Лига имаше два интересни моменти. Првиот се случи во 45. минута кога репрезентативецот на Шпанија погоди од пенал на необичен начин, а вториот беше во финишот на мечот, кога гостите израмнија со сомнителен гол.
https://www.youtube.com/watch?v=H0agqPtW_QA&fbclid=IwAR3lbon1ljpmdqiNzv8ez40LWn25-q80tsQyinFb3ZxYQjn8jIjYCND1h4Q
Оскар Плано погоди во втората минута од судиското продолжение, но се чини дека беше во офсајд позиција. Во шпанското првенство се користи ВАР системот, но судијата Санчес одлучи да не го проверува спорниот момент.
Атлетик остана без победа и по десетти пат ремизираше на 17 натпревари сезонава во Ла Лига, по што остана блиску до зоната за испаѓање. Валјадолид е на 11. позиција со 21 бод.