Радамел Фалкао го облече дресот на Галатасарај, откако колумбискиот напаѓач реши да дојде во турскито гигант како слободен играч. Со доаѓањето на Фалкао во Истанбул, се случи невидена еуфорија кај фановите на турскиот првак.
На аеродромот, Фалкао беше пречекан од околу 25.000 навивачи, но тоа како да беше само најава за тоа што ќе следува на промоцијата во Истанбул.
Синоќа Фалкао се појави на стадионот „Турк Телеком“, каде што го пречекаа полни трибини и неверојатна атмосфера.
https://twitter.com/i/status/1169339391657033728