Од вчера започна нокаут-фазата на Африканскиот куп на нациите. Први патници во четвртфиналето се Тунис и Брукина Фасо. Тунис направи изненадување и минимално со 1:0 ја елиминира Нигерија, додека Буркина Фасо на пенали го победи Габон откако беше 1:1 во 120 минути игра.
Денеска има уште два меча од осминафиналето, а посебно необичен е тој меѓу домаќинот Камерун и дебитантот Комори. Камерун е апсолутен фаворит против четвртата најмала земја во Африка, која првпат е дел од континенталното натпреварување, а интересно е што што селекција на Комори може да го започне мечот без голман.
Сите тројца голмани на Комори се аут, (еден е повреден, а двајца се позитивни на корона-вирусот). Попладне се чекаат новите резултати од тестот, па ако повторно се позитивни на вирусот, на голот ќе мора да застане играч.
Токму затоа, Камерун е апсолуен фаворит, но нешто што е забележително се коефициентите за играта на голови. На Африканскиот куп од досегашните 36 меча, дури 20 завршија со 0-1 гол, а сега ако нема повеќе од еден погодок на дуелот Камерун – Комори, коефициентот е неверојатно висок и изнесува 6.50. Ако се знае дека 60 отсто од мечевите завршуваат со 0-1 гол, вреди да се одигра овој голем коефициент.
За тие што сакаат да одиграат на посигурно, коефициентот за 0-2 гола е дури 2.90, што исто така е неверојатно висок ако се знае дека дури 26 од 36-те дуели досега беа со 0-2 гола.